
Општина Штип денес го одбележа светскиот ден за борбата против сида, кој се одбележува на 1 декември. По повод истиоиот ден, општината во изминатиот период реазлизираше проект преку кој сите срендошколци се запознаа со ваквото заболување. Раководителот на секторот за образование при Општина Штип, Снежана Санева вели дека проектот се реализираше во сите средни општински училишта со цел подигање на свеста за ваквото заболување во насока на превенција од истото.
“Целта на денешната пресконференција е информирање на јавноста за реализација на проектот подигање на свеста на средношколската младина на сексуално преносливите болести и последици од нив во насока на превенција на истите. Ова е проект од програмата за еднакви можности за 2024 година. Како што беше планирано проектот се реализираше во сите средни општински училишта и во ДМУЦ.“,истакна Санева
Сидата и понатаму претставува здравствен проблем во светот, па затоа целта за новата 2025 е поголем процент, односно некаде околу 90 од заразените се навремено дијагностицираат и добијат соодветна терапија, додава д-р Светлна Живкова
Дека едукацијата за заштитата од ваквото заболување е од голема важност за средношколците, согласна е и д-р Јасмина Саздовска, која додатно истакана дека покрај предавањето, низ училиштата ти вршеле и предтестирање и постестирање со цел се проверат знаењата на учениците.
„Во овој проект беа опфатени вкупно 470 ученика, со што покрај што тие имаа предавање, им се давашe предтестирање и постестирање за да се проверат нивните знаења, вели Саздовска.“
Инаку, борбата против СИДА-та трае повеќе 30 години. Главната цел на овој ден е да се предупреди и да се обезбеди трансфузија на крв, како и третман и профилакса. Секоја година на 1 декември речиси во сите земји се одбележува со се поголеми информативни кампањи за превентива и заштита од оваа опака болест , бидејќи за неа сеуште нема лек кој може целосно и со гаранција да ја излечи.
Лаура Стојанова, М-Нет