„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија.

Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев.

„Нешто што ќе остане“ годинава се одржува по четврти пат, а музичката вечер е дел од одбележувањето на големиот јубилеј – 50 години Општина Центар. И оваа година Општината останува доследна на определбата да ја поддржува и промовира македонската музичка сцена и домашните артисти.

Општина Центар ги повикува сите граѓани да ја забележат промената на датумот и да бидат дел од музичката вечер.

Новиот термин е петок, 11 септември, во 20 часот, во Парк на Франкофонија.

Текстот „Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики е превземен од МАКФАКС.