Во Штип денес нема новозаболени од КОВИД 19

Според денешните информации, од 450 тестирања во изминатите 24 часа, на ниво на држава има само 11 позитивни на КОВИД 19.

Меѓу нив, ниту еден од Штип.

Во Скопје има тројца новозаболени, а по еден во Куманово, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Крива Паланка, Берово, Виница и Делчево.

Оздравени се 95 лица, а починати три.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк