
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, прва положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Гоце Делчев во Штип. Со пригодна и свечена манифестација, пред зградата во која некогаш учителствувал Делчев, денеска се одбележаа 153 години од неговото раѓање. Неговата мисла, неговото знаење сѐ уште е актуелно – посочи Сиљановска Давкова.
„Нема посоодветно место од Свети Спас, но и оваа зграда овде за одбележување на 153 години од раѓањето на Гоце Делчев. Нема посоодветно место за еден универзитет или посоодветно име од Гоце Делчев. Веројатно во историјата нема да најдете човек за кој толку многу се пишувало, зборувало. Тоа покажува дека Гоце Делчев е неразделен од македонскиот народ и токму затоа 153 години потоа како да е жив.“ – вели Сиљановска-Давкова.

Универзитетот Гоце Делчев е горд што го носи името на великанот – истакна во својот говор рекоторот Дејан Мираковски. Додаде дека универзитетот се движи по идејата на Делчев, светот да биде поле за културен натпревар меѓу народите.
„Ни преставува чест заедно со Општина Штип што можеме да организираме пригодно сеќавање на роденденот на Гоце Делчев. Посебна чест е што нашиот универзитет го носи неговото име и што развојот на универзитетот не прави чекор поблиски до тоа што било и негова идеја – светот како поле за културен натпревар меѓу народите.“ – вели Мираковски.
Делчев оставил завет, а ние мора да го чуваме тој завет и да не се одрекуваме од него, додаде градоначалникот Иван Јорданов.
„Се наоѓаме на местото во градот каде најповеќе се ширела и чувствувала идејата и идеологијата на великанот Гоце Делчев. Имаме завет и обврска да го чуваме тој завет, но немаме право да се одрекуваме од него“ – посочи Јорданов.
Настанот беше збогатен и со кутурно забавана програма.
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1972 година во Кукуш во семејство на Никола и Султана Делчеви. Тој е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската ревочуционерна организација,апостол и срцето на револуционерна Македонија.
Лаура Стојанова М-Нет