
Дури само еден од анкетата на М-Нет вели дека сегашните ограничувања на маржите ќе бидат од полза за граѓаните, па како што додава истиот , во иднина очекува повеќе намалување и стабилизирање на ситуацијата.
Во согласност со ситуацијата за пет отсто се ограничува маржата на основните осум прехранбени производи и тоа: леб, брашно тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, млеко, јогурт и кисело млеко.
Маржа од десет отсто се ограничува за група од 55 прехранбени производи: месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини. Ограничување на 15 отсто бруто-профитна маржа, пак, ќе се применува на 39 групи прехранбени производи и средства за хигиена и тоа: свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и слично.
Иван Митев, М-Нет