Овче Поле падна во Турново, Победа Валандово ја завери титулата и оди во бараж за Втора лига


Фудбалерите на Овче Поле го загубија најважниот натпревар сезонава, откако во 21. коло од Третата лига – Исток беа поразени на гостувањето кај Хоризонт Турново со 2:0.
Поразот на тимот од Свети Николе директно влијаеше на шампионската трка, бидејќи Победа Валандово со триумфот од 3:1 против Карбинци и математички ја обезбеди титулата во источната конкуренција.
Со новите три бода, валандовчани стигнаа до 44 бодови и на коло пред крајот создадоа недостижна предност пред Овче Поле, кое остана на 40 бодови.
Така, Победа Валандово официјално е нов шампион на Третата лига – Исток и обезбеди место во баражот за пласман во Втората македонска фудбалска лига.
Хоризонт Турново, пак, со големата победа против Овче Поле дополнително ја вжешти борбата за висок пласман и потврди дека е еден од најнезгодните тимови во лигата оваа сезона. Тиверија и Ударник одиграа ефикасен натпревар 3:3.