Овче Поле како фаворит ќе го пречека Шампион во Свети Николе, Атлетик на дерби со Ѓорче Петров 2

Викендот ќе се одиграат натпреварите од третата рунда на Првата женска ракометна лига, а која рунда носи интересни двојки. Во рамки на третото коло слободна ќе биде екипата на Стружанка.

Во Свети Николе ќе се одигра натпреварот меѓу Овче Поле СУ и Шампион, во меч каде ракометарките на домашниот тим на себе ќе ја имаат улогата на фаворити за триумф, а Овче Поле ќе ја бара втората сезонска радост. Во однос на Шампион кој во Свети Николе ќе го бара првото сезонско славје, но воопшто и првите бодови во новата сезона, бидејќи е единствениот тим кој е на дното без бодови.

Анастасија Сентовска од екипата на Овче Поле е најдобар стрелец со 19 погодоци на два меча и сигурно е дека ќе биде голема опасност за Шампион.

Јехона на домашен терен ќе се соочи со тимот на Деспина во дуел на две екипи кои имаат идентична форма од една победа и еден пораз и слична гол разлика, па сега двете екипи во меѓусебен дуел ќе го бараат второто славје.

Дербито ќе го одиграат новајлијата Атлетик и Ѓорче Петров 2 во меч на две екипи кои на стартот од новата сезона имаат одиграно по еден меч, а на кој имаа позитивни исходи односно победи.

Александар Ванев, М-Нет