Алкалоид гостува во Радовиш, Куманово домаќин на Бутел

ФОТО: Александар Ванев

Фаворитот Алкалоид викендот ќе гостува во СРЦ „25 Мај“ каде во рамки на 4. коло на ракометната Суперлига ќе се соочи со Радовиш. Повеќе од јасна е разликата во квалитет и се очекува сигурна и убедлива победа за тимот од Автокоманда кој го води Кирил Лазаров.

Охрид ќе гостува во Битола каде ќе се соочи со повратникот Еурофарм Пелистер 2, каде охриѓани ќе ја имаат улогата на фаворити и ќе бараат триумф.

Поранешниот шампион Вардар ќе гостува во Кавадарци каде ќе оди на четири од четири против Тиквеш, кој пак ќе бара второ славје во новата сезона.

Прилеп на домашен терен ќе атакувана втора победа против Пролет, а ова ќе биде дуел на две екипи кои ќе се борат да фатат место во плеј-офот на Суперлигата и се очекува неизвесен меч.

Бутел како благ фаворит ќе оди на неизвесно гостување против Куманово, во меч каде скопскиот тим кој има биланс од две победи и едно реми ќе сака трета победа, а пак Куманово ќе бара позитивен резултат за втора сезонска победа.

по три кола екипата на Вардар е перфектна и максимална со шест бодови, втор е шампионот Еурофарм Пелистер со пет бодови, а по четири бодови за делба на третото место имаат Бутел, Алкалоид, Пролет и Еурофарм Пелистер 2. Охрид е седми со три бодови, а по два бода имаат Прилеп, Тиквеш и Куманово.

Без бодови по три меча се екипите на Радовиш и Струга, екипи кои повеќе од јасно е дека ќе имаат повеќе од тешка борба за опстанок во ракометната елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет