Овци наместо фудбалери на фудбалскиот терен на некогашниот ФК Баби во Штип

Фудбалскиот терен во штипската населба Баби каде во минатото настапуваше некогашниот фудбалски клуб Баби наместо да биде место каде фудбалерите ќе тренираат, ќе се играат фудбалски натпревари, теренот е место за пасење на стадо со овци.

Жална е сликата што се случува со фудбалскиот терен во ова штипска населба.

Фудбалскиот клуб Баби во минатото настапуваше во Терта лига – Исток, а во сезона 2012/2013 штипскиот клуб обезбедува учество во Втората македонска фудбалска лига. Меѓутоа ФК Баби во второлигашкото друштво останува само една сезона, како второлигаш заврши на 14. место и играше бараж за опстанок, кој го загуби од Зајази со минимални 0:1 и со тоа испадна во Трета лига.

По испаѓањето од Втора во Трета лига – Исток екипата на ФК Баби продолжува со натпреварување уште неколку сезони, а потоа клубот згаснува и повеќе не се натпреварува.

Стадионот во штипската населба Баби останува само да сведочи за некогашните натпревари кои се играле тука, да сведочи дека тука некогаш тренирале фудбалери, а денес наместо фудбалери гледаме стадо со овци.

Александар Ванев, М-Нет