Марко Трајановски е првиот Македонец со злато на Европското првенство во ММА

Македонскиот борец Марко Трајановски испиша историја како првиот од Македонија кој освои златен медал на Европското првенство во мешани боречки вештини (ММА). На Европското првенството во Белград, Србија, Трајановски се натпреваруваше во категорија до 83,9 килограми.

На патот до златото, тој оствари четири пбоеди, совладувајќи ги Грегори Савов од Бугарија, Илин Давид од Романија, Доменико Вискуси од Италија и Имур Руснак од Украина.

Со само 16 години, Трајановски покажа извонреден талент и потенцијал, најавувајќи светла иднина во овој спорт.

Овој успех претставува значаен момент за ММА спортот во Макдонија и инспирација за иднините млади борци.

Александар Ванев, М-Нет