
Почетната цена за продажбата на објектот на ЈП Стипион е 1300 евра по метар квадрантен. Меѓутоа, заинтересираните страни на овој простор ќе може во иднина да изградат само паркинг плац. Ќе се продава само објкетот на Стипион, а не и дворното место. Ова значи дека во иднина на ова место ќе има и државен и приватен паркинг простор. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека доколу има повеќе заинтересирани страни цената ќе расте, а со добиентите пари ќе се направи нов паркинг, ќе се уредат тротоарите и булеварот околу автобуската станица во Штип, со цел граѓаните да може да ги користат.
„Сакам да потенцирам дека досега секогаш кога се распишувале постапки за продажба на некој државен имот почетната цена е била едно евро по метар квадрантен. Овој пат почетната цена за продажба на овој руиниран објект е 1300 евра по метар квадрантен. Овде категорично тврдам дека нема да никне зграда како што тие милуваат да кажат туку ќе биде паркинг простор за да се разубави овој дел од градот кој моментално е небезбеден за пешаците, за возилата и е ругло на градот“ – кажа Јорданов.
Сѐ уште не е познато за колку паркинг места ќе станува збор, бидејќи не се зане дали ќе има заинтересирани страни и дислокација на објкетот.
„Со средствата кои ќе ги прибереме по основ на продажба ќе направиме друг објект на соодветно место каде нема да биде загрозена безбедноста учесниците во сообраќајот, а дополнително со истите средства ќе го разубавиме овој дел, ова булеварско решение и ќе направиме паркинг простор каков што доликува. Категорично ги отфрлам сите шпекулации во насока на тоа дека овде ќе никне зграда, бидејќи според ДУП овде не се предвидува таков објкет.“ – додаде Јорданов.
Во оваа прилика тој истакна дека шпекулации се и гласините дека автобуската станица ќе се дислоцира во близина на железничката станица. Автобуската останува на сегашната локација, а во иднина просторот од околу ќе биде многу подобро уреден.
Лаура Стојанова М-Нет