
Спорни и штетни одлуки за развоот и напредокот на Штип се изгалсани на последната седница на Советот на Општина Штип, обвинуваат на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Велат по веста за продажба на магационот на Стипион, градоначалникот Јорданов ќе ја задолжи општината, граѓаните ќе плаќаат повисок данок а долгот ќе се отплаќа по три години откако Јорданов ќе замине од градоначалничката фотелја.
„Една од спорните одлуки на советниците од ДПМНЕ е продавањето на магацинот на ЈП Стипион.
Како што спомнавме, вакви случувања имаше и во минатото. И да не бидеме погрешно разбрани, кога зборуваме за инкасирани илјадници евра, зборуваме за 56.500 евра за три дуќани на ЈП „Исар“ кои легнаа на сметка на јавното претпријатие, не на сметка на тогашниот градоначалник.
Советниците од вмро дпмне донесоа можеби и една од најизбрзаната и непромислена одлука, а тоа е одлуката за задолжување на граѓаните во наредните години за близу 100 милиони денари.
Наредните генерации во Општина Штип ќе плаќаат данок не за подобрување на инфраструктурата и нови проекти, туку за отплата на кредитот со кој Иван Јорданов планира да ја задолжи општината.
Кредитот е со грејс период од 3 години, период по кој Јорданов ќе замине од градоначалничката фотелја.“ – кажаа од СДСМ.
Од таму додадоа дека вакви задолжувања биле одлика и на претходните градоначалници од редовите на Вмро Дпмне, истовремено апелираат Јорданов да не се однесува со парите на граѓаните како да се негов сличен Буџет.
На ова Јорданов одговори дека СДСМ немаат ништо направено за општината, па ги повторуваат нивните прес конференци за да ја замајат јавноста.
„Тоа што се манипулира јавноста и се изнесуваат невистни е стил на работење на СДСМ кои што шајка не заковаа во последните четири години во Штип, немаат развојна компонента.“
Јорданов во оваа прилика додаде дека на местото каде што се наоѓа магационот на ЈП Стипион нема да никне згрда, туку просторот ќе се уреди за доброто на граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет