Горјан Петревски е македонски писател на литература за деца и млади. Писател, со голем број на дела, кој привлекува големо внимание и буди емоции кај читателите. Чувствата кај младите, првата љубов, детските тајни. Наврати во детството на кои се присетуваат возрасните. Неговата непосредност при пишувањето. Ситуациите кои се дел од животот на една млада личност. Па, дури и младоста, по која секој возрасен копнее. Објавен е првиот том на Избрани дела 18 романи кои го одбележуваат неговото творештво.„Споменка“, „Спомените за Споменка“ , „Сонот за Споменка“. Јас на тој лик му посветив уште една книга „Задоцнети писма до Споменка“. Која за жал, не може да влезе во овој проект. Изјави, Петревски.
Станува збор за позната трилогија „Споменка“, „Спомените за Споменка“ и „Сонот за Споменка“ во која освен тинејџерите ги засегаат и возрасните. Но, која е нивната тематика?
„Романите ми се пишувани во јас форма. Тогаш, мислев дека ако се пишувани во прво лице ќе бидат по убедливи за публиката, ќе бидат по веродостојни“. Изјави, Петревски.
Оваа трилогија претставува освежување на неговите читатели. Кои секогаш со нетрпение очекуваат да дојдат до неговиот пишан збор. На прашањето дали да очекуваме и друѓи романи кои треба да се појават во овој проект? Со напомена дека наскоро ќе објави нов роман.
Бев упорен во моите романи, и многу сум среќен што моите читатели се пронаоѓаат во нив. Сепак тоа не е случајно, среќен сум што создадов мост меѓу возрасните и младите. Вели Петревски