
Градоначалникот на Општина Штип, пред да седне во градоначалничката фотелја, и додека работеше како советник во Општина Штип, тој беше еден од оние кои ја поддржаа набавката на метларка по цена од 86 илјади евра. Меѓутоа, од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Штип, обвинуваат дека и покрај потрошените пари за метларка и нешто помалку од 14 илјади евра за одржување на хигиената во градот целат не е постиганата.
„Со првата своја изјава, новиот Градоначалник ја потврди вистината што неколку години ја зборувавме, дека Штип е еден од најнечистите градови во државата!
Констатацијата дека треба да се посвети внимание на хигиената укажува на фактот дека нашиот град е нечист и воедно наведува на некои очигледни работи…
Прво, Градоначалникот не треба да заборава дека во изминатите години тој беше Советник во Совет на Општина Штип и тој беше еден од оние кои ја поддржа набавката на метларката по фантастична цена од 86.000евра!“ – беше дел од озјавата на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Штип.
Колку е вистинито целото ова сценарио останува да покажат постапките на градоначалникот кои ќе ја расчистат заматената слика во рамките на партијата, а очигледно дека нечистотијата во Штип тешко дека ќе се расчисти, додаваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Лаура Стојанова М-Нет