Кик боксерот на Гладијатор од Штип Никола Нацев ќе настапи на „Трофеј Белград“

По подолга пауза кик боксерот на Гладијатор од Штип Никола Нацев ќе настапи на едно големо меѓународно натпреварување. На 24 и 25 април Никола Нацев ќе настапи на традиционалниот и реномиран турнир „Трофеј Белград“ на кој ќе настапат покрај македонските и натпреварувачи од домакинот Србија;Црна Гора, Бугарија, Хрватска и БиХ.

Според информациите од тренерот Шенол Асанов за Белград ќе патуваат тој и Никола Нацев бидејќи поради пандемијата е ограничен бројот на учесници па така и составот на Гладијатор е некомплетен и сведен само на еден натпреварувач, иако со одлични резултати се покажа и докажа и Славче Арсов. Затоа Никола Нацев ќе се обиде да го надополни тоа и ќе настапи во две дисциплини и тоа во Кик – лајт и во Поин фаит во категорија од + 94 кг. Вообичаено Никола Нацев се одликува со исклучително борбено срце и префинета техника и во клубот посакуваат да се закити со вреден трофеј.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk