Магомегаџи Нуров е во полуфинале на Медитеранските игри кој се одржуваат во Оран, Алжир, откако денеска беше извонреден во групната фаза од боречките натпревари во категоријата до 97 килограми и со три победи.
Нуров во попладневната сесија ќе се бори за медал на овие Медитерански Игри.
Останатите двајца македонски борачи беа елиминирани во 1. коло. Фати Вејсели загуби во четврфиналето во категоријата до 74 килограми од домашниот борач Икал со 3:2, додека по една крајно неизвесна битка на душекот во категоријата до 65 килограми, Владимир Егоров беше совладан од Хафез од Египет со 3:1.