„Нула“ на Вардар и Гостивар во Маџари: Битката за Прва лига ќе разгорува и ќе биде пеколна!

Вардар и Гостивар во воедниот меч од 24. коло на Втората македонска фудбалска лига одиграа 0:0 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Ваквиот резултат само најавува дека битката за Прва лига дополнително се разгорува и ќе биде пеколна.

Гостиварци пред крајот на првиот дел останаа без играч помалку на теренот, откако стоперот Стојчевски доби директен црвен картон со што ги остави своите соиграч со играч помалку.

Во првиот дел од финишот Вардар имаше далеку поголем посед на топката, но сепак, немаше реализација. Двете екипи имаа свои шанси, но без реализација на истите.

Вардар прв се закани преку Размоски, но топката отиде над голот, а потоа Глишиќ упати топка кон голот на Гостивар од слободен удар, но истата не заврши во мрежата. Следуваше закана на гостите преку Рамадани и Каланоски, но без реализација на истата.

Во 39. минута Стојчевски доби директен црвен картон и беше исклучен, па Гостивар до крајот на мечот играше со играч помалку. Вардар, ниту со играч повеќе на теренот не можеше да реализација и да го отвори резултатот, откако Глишиќ и Десниќ имаа свои шанси во финишот на првиот дел.

Во вториот дел Гостивар започна со поголем притисок и топката беше повеќе кај фудбалерите на Гостивар. После полувремето Гостивар играше многу повеќе агресивно, имаше повеќе контрола на играта, а фактот што имаа играч помалку на теренот многу и не се чувствуваше.

До крајот на мечот и двете екипи имаа уште понеколку големи шанси со можност за отварање на резултатот, но сепак, конечниот исход беше 0:0 и поделба на бодовите.

Вардар сега има 56 бодови, колку што има и Воска која во сабота ќе игра против Тетекс, а пак Гостивар е трет со 55 бодови.