
Економската трансформација е нужна бидејќи во последните седум години политики доведоа до фактот да има просечен економски раст од само 1,7% – констатираше денеска дополнителната министерка за финасии, Елена Петрова која беше во посета на Штип. По средбата со стопанствениците посочи дека растот во државата е двојно понизок споредбено со стапката на раст во земјите од Западен Балкан. Токму затоа додава се бараат мерки за помош на компаниите и стопанството во Македонија.
„Компаниите покажуваат голема разочараност затоа што трпат катастрофални последици од досегашните економски мерки и политики. Има индустрии кои се во многу лоша состјба дури како што велат стопанствениците во изумирање. Тоа се нашите традиционални индустрии, како текстилната индустрија во Штип, мелничко преработувачката, месната индустрија, сите овие индустрии трпат лоши последици.“ – вели Петрова.
Компаниите бараат поддршка за техничко технолошки развој, модернизација на капацитетите, вистински, а не измислени иновации, подобри политики во однос на користење на работната сила. Како што додаде Петрова еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат компаниите е недостигот на работна сила.
„Генерално, повеќе или помалку изворот на проблемите е ист, потребни се нови мерки и политики за да може да се помогне на компаниите, а со тоа всушност и на македонските граѓани, за да се постигне побрз и поодржлив економски раст.“ – додава Петрова.
Помош за стопанството ќе има и од страна на Локалната самоупрва, истакна денеска градоначалникот Јорданов. Кога е во прашање текстилната индустрија псочи оти мора да се најдат решенија за вработените и нивната погоденост од политиките во држвата.
„Ние како град сме засегнати од состојбата со текстилната индустрија, оти повеќе од пет илјади луѓе ќе бидат засегнати од глобалната економија, покачувањето на цените, од тоа што самата минимална плата ќе влијае врз нивната дејност и дека Општина Штип е најмногу погодена“ – вели Јорданов.
Дополнителната министерк за финасии изминатиот период оствари средби и со компании во Кочани, Виница, Пробиштип и Свети Николе.
Лаура Стојанова М-Нет