
Лесна храна и облека, соодветна заштита доколку сте на отворено, постојано со себе носете шишенце со вода. Ова се дел од препораките на медицинските лица во врска со топлотниот бран кој ја зафати нашата држава. Најавите од Управата за хидрометереолошки работи е дека денеска и утре Македонија е во портокалова фаза, па потребно е максимално почитување на препораките, особено најранливите категории граѓани и хронично болните.
Дополнително на ова се и препораките за летните одмори и начинот на кој да се заштитите себе и своето семејство кога патувате некаде.
Македонското поднебје изобилува со зеленчук и овошје па се претпорачува истиот да се користи во големи количини, да се избегнува мрсна храна, а повеќе да се конзумира риба. Лицата кои заради работни обврски мора да бидат изложени на сонце да бидат соодветно заштитени.
Инаку, од УХМР најавуваат 38 степени целзјусови утре во Штип, 36 во Кочани, 32 во Берово и Делчево.
Лаура Стојанова М-Нет