
Во изминатата учебна 2020/21 година 82 ученика се испишале од петте основи и неколку средни училишта во Штип. Според Билјана Казанџиска, од секторот за образование овие бројки не се драстични споредувајќи ги со претходната 2019 година, и се движат во граници на нормала.
Најмногу испишани ученици во изминатата учебна година се регистрирани во Основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип.
„Во „Славејко Арсов“ има испишани 12 ученика, во текстилното училиште еден ученик, во електро-машинскиот училишен центар 11, во „Тошо Арсов“ три ученика, во медицинското училиште три, во „Димитар Влахов“ 20 ученика, „Гоце Делчево“ 6 ученика и во „Ванчо Прке“ 26 ученика.“ – кажа Казанџиска.
Според Казанџиска најголем број на ученици кои се испишале од училиште е заради преселба во друг град на родителите или заради реонизација.
Директорот на основното училиште „Ванчо Прке“ Штип, Методиј Папаров согласен дека најголем број од испишаните ученици се заради преселба на нивните родители или пак реонизација.
Лаура Стојанова М-Нет