
Медицинските сестри и техничари од септември ќе имаат платено високо образование најавија по денешниот работен состанок, министерот за здравство, Венко Филипче, директорите на ФЗО Стево Крстевски и Фатон Ахмети, претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски и претставници на Здружението на медицинските сестри, техничари и акушерки.
Имено до сега медицинските сестри и техничари кои имаа завршено високо образование или специјализација тоа не им беше платено.
Благодарение на одличната соработка со двајцата директори на ФЗО на РСМ коишто ги обезбедија средствата и од месец септември оваа година сите медицински сестри и техничари коишто завршиле високо медицинско школо или специјализација и се стекнале со такво образование од 180 односно 240 кредити ќе добијат соодветен надоместок за своето образование. Се направи анекс на колективниот договор согласно Законот за здравствена заштита и начинот на којшто се одредува висината на платата. Драго ми е што е ова еден начин на зголемување на примањата на една категорија на здравствени работници коишто навистина несебично се дадоа себеси во менаџирањето на ковид кризата“, изјави министерот Филипче за медиумите.
Според претседателот на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, кадровските ресурси се најважниот потенцијал во здравството и нивното добро менаџирање и препознавање е основа за успешен здравствен систем.
Лаура Стојанова М-Нет