
Нов фудбалски терен со вештачка трева добиваат жителтие на штипската приградска населба Три Чешми. Многу наското овој фудбалски терен дополнително ќе биде и осветлен, со што најмладите ќе можат да спортуваат. Градоначалникот Иван Јорданов рече дека Општин Штип привршува со активностите за реконструкција на сите спортски терени и детски катчиња на територија на општината, од најдалечните до најцетралните населени места. Како што истакна тој работите се одвиваат паралелно на повеќе локации, а инвестицијата тежи над 6 милиони денари.
,,Ова лето Општина Штип привршува со активностите за реконструкција на сите спортски терени и детски катчиња на територија на општината, вклучувајќи ги д најдалечнте до најцентралните аселени места. Во моментот се наогаме во нас. Три Чешми се работи на поставување вештачка трева на дудбалски терен, кој доиполнително ќе биде осветлен , ограден. Населба која што во минатот била заборавена и никогаш претходно немале вакви содржини најмладите генерации. Паралено ќе се работи на сите детски катчиња со поставување на нови детски реквизити и обновување на сите спортски терени. Повеќе од три ипол години општианта работи на реконструкција и обновување на сите спротски содржини на територија на Општина Штип. Освен спортски терени во секое населено место се поставуваат детски реквизити за најмладите.“, рече Јорданов.
Со оваа динамика, градоначалникот Јорданов потенцираше дека до месец јули практично ќе биде заокружена целата активност на општината во делот на спортски терени.
,,Верувам дека со оваа динамика на почетокто до месец јули практично ќе биде заокружена целата активност на општината и сите населени места ќе добијат детски реквизити, а оние спортски терени кои што биле заборавени во минатото , же бидат реконструирани по примерот во населба Три чешми. Повеќе од 6 милиони денари се издвоени на сите детски реквизити, детски катчиња и спортски терен.“, додава Јорданов
Инаку, со ваквата инвестиција, не само што најмладите ќе имаат да спортуваат во текот на денот, со осветлувањето, тие ќе можат да спортуваат и во вечерните часови, особено во летните периоди.
Иван Митев, М-Нет