Бодовите останаа во Кочани, Овче Поле загуби во меч со пет гола, лидерот Железарец е перфектен

ФОТО: КМФ Мал Ајакс | АРХИВА

Екипата на Овче Поле не е на посакуваното ниво од минатата сезона кога водеше битка за враќање во Првата лига, клубот од Свети Николе го забележа вториот сезонски пораз на гостувањето кај СЕЕ Университи со резултат од 4:1, во меч од 5. коло на Втората футсал лига.

Бодовите останаа во Кочани, откако дебитантот Фудбал Старс со 3:0 го доби Кратово на свој терен и ја израдува домашната публика.

Лидерот Железарец е перфектен, стигна до пет од пет откако со 7:1 ја декласираше екипата на ССК Скопје, а највисока победа забележа Партизан Југ откако го доби Конзули со 9:3 во Брвеница.

Неизвесно меше меѓу Карадаку и Каршиака, натпревар со 11 гола за победа на гостинот од 5:6.

Во однос на табелата прв е Железарец со максимални 15 бодови, Фудбал Старс со меч помалку, СЕЕ Университи и Каршиака го делат второто место со по девет бодови.

Ланскиот прволигаш Црна Река е на четвртото место со меч помалку, а има осум бодови, по седум бодови имаат Кратово и Партизан Југ за делба на шестото место. Овче Поле со четири бодови е осми, ССК Скопје има три бодови за деветто место, Конзули е десетти со еден бод, а на дното е Карадаку без бодови.

Александар Ванев, М-Нет