Нов градоначалник, нови очекувања, но за стари проблеми во Штип

Нов градоначалник, нови очекувања, но стари проблеми за штипјани. На само два дена по локалните избори штипјани очекуваат да се подобрат работите во градот под Исарот, повеќе вработувања за младите, интезивно работење на инфраструктурата, здравството и образованието. Очекуваат започнатите проткти од страна на се уште актуелниот градоначалник да бидат завршени, и раскопаните улици конечно да добијат нов асфалт.

„Очекувањата треба да бидат големи. Нови инвестиции да има, младите да останат овде, да не бегаат по странство“

„На „Личка“ патото да ни го направат“

Од анкетата која ја направи екипата на Мнет телевизија, штипјани со поделено мислење за тоа колку се задволни од работата на сегаѓниот се уште актуелен градоначалник, доктор Сашко Николов. Дел о нив велат дека неговата работа во изминатиот период е задволителна, но друг дел не се задоволни од направеното.

„За мене било е се исто, имало е и добри моменти“

Ќе има ли промени во градот под Исарот, дали очекувањата на штипјани ќе бидат задоволени и колкава ќе биде ажурноста на новиот градоначалник на Општина Штип останува времето да покаже.

Лаура Стојанова М-Нет