Нови мерки за невакцинираните предложи Комисијата за заразни болести

Состанокот на Комисијата за зарази болест кој се одржа утринава резултираше со нови предлог мерки до Владата за невакцинираните граѓани во државата. Согласно бројките на новозаразени ковид пациенти во изминатиот период, и притисокот врз болниците Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ќе се предложи на Владата во здравствените установи, Локалните самоуправи и останатите државни институции вработените да имаат обврска да покажат документ за примена барем прва доза вакцина, прележан ковид 19 во ппоследните 45 дена или пак документ со кој се потврдува дека лицето не смее заради оправдани причини да прими вакцина.

„Комисијата за заразни болести донесе соодветни предлози до Владата, а тоа е да и предложиме на Владата да сите вработени во јабниот сектор, во Локалната самоупрва, во сите институции под овие Владини институции за одење при работно место прикажат документ за примена најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, или ќе имаат документ за прележан ковид не постар од 45 дена, или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примаат“ – кажа Филипче.

Филипче препорача до овие мерки да се приклучат и приватните компании и тој очекува дека истото може да се направи, со цел да се заштита производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.

Со достапните начини за прикажување на ковид сертификат Филипче кажа дека можноста да се фалсификува сертификат е елиминирана. Со овие мекри според Филипче опфатот на вакцинација значително ќе се зголеми.

Лаура Стојанова М-Нет