
Боксерите на Пинк Пантер од Штип овој викенд забележаа нов големи успеси во рамки на седмото коло на Опен Балкан лигата Олимписки надежи, а искусниот тренер Петре Чурлиновси е задоволен од настапот на неговите боксери, за што е исклучително горд бидејќи на неколку кола до крајот, штипските боксери веќе се на врвот со значителна бодовна предност пред конкурентите.
Штипските „пантери“ во градот под Исарот се враќаат одново со многу медали.
Организаторот на Опен Балкан лигата, како што вели Чурлиновски додал уште две кола, но тоа нема да има влијае врз штипскиот клуб кој има недостижна бодовна предност пред останатите екипи.
Традиционално Опен Балкан лигата се затвара со последното коло во Охрид.
Александар Ванев, М-Нет