Новиот третолигаш Пчиња го промовираше Славко Арсовски

Новиот член на Третата македонска фудбалска лига – Север, екипата на Пчиња за новата сезона го промовирашe Славко Арсовски како најново засилување.

30-годишникот го засилува нападот на Пчиња, а доаѓа од екипата на Куманово, која стана шампион во Трета лига – Север, но загуби во баражот од прилепска Победа и во новата сезона ќе се натпреварува одново во третолигашкото друштво.

Арсовски е одличен техничар и брз играч, кој ќе треба да му помогне на клубот во остварување на целите, а тоа е опстанок во Трета лига – Север.

Арсовски има настапувано и за екипата на Студена Вода, која се фузираше со Куманово.

Екипата на Пчиња лани стана шампион во ОФЛ Куманово, а во баражот славеше над Студеничани во пенал рулетот на теренот во Кадино и стана нов третолигаш.

Александар Ванев, М-Нет