Новиот прволигаш ЖФК Кочани ги започна подготовките и се засили со Ивона Бангиева

ФОТО: Александар Ванев, забрането е превземање на фотографијата без добиена согласност!

Повратникот во Првата женска фудбалска лига, екипата на Кочани, за новата сезона претстави ново засилување.

Се работи за Ивона Бангиева која е родена 2007 година, а во екипата на Кочани предводена од Оливер Јовановски доаѓа од редовите на радовишка Плачковица.

Претходно Бангиева беше дел од прволигашот Тиверија Брера од Струмица, игра по левата страничка позиција како во одбраната, така и во напад.

Бангиева е талентирана фудбалера која ќе биде одлично засилување и освежување во редовите на Кочани.

Претходно, клубот се засили со Марија Велиновска, родена 2010 година, млада и перспективна фудбалерка која е член на македонската женска репрезентација до 17 години. Се работи за играч од средината на теренот, а доаѓа од редовите на Фудбал Старс.

Кочани ги започна подготовките за новата сезона во Првата женска фудбалска лига. Првите тренинзи ќе бидат фокусирани на физичка подготвеност и тактички вежби. Поискусните фудбалерки ќе се приклучат на подготовки во текот на следната недела.

Во Првата женска фудбалска лига се натпреваруваат десет екипи, последната екипа директно испаѓање во Втората лига, а пак претпоследната екипа игра бараж за опстанок со екипата која ќе заврши на второто место во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет