ЖФК Каменица Саса ги започна подготовките за новата сезона – ќе има неколку квалитетни засилувања!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Прволигашот ЖФК Каменица Саса ги започна подготовките за новата сезона во Првата женска фудбалска лига на Македонија.

Поранешниот шампион на Македонија подготовките ќе ги реализира во Македонска Каменица каде има идеални услови за темпира на формата со два фудбалски терени и сопствена теретана. Фудбалерките индивидуално се подготвуваат од 4 јули со индивидуални програми.

Клубот ги закажа и пријателските натпревари преку кои ќе се проверува формата, па така на 5 авугст ќе се одигра пријателски натпревар со Истатов во Македонска Каменица, а на 9 и 10 август екипата на Каменица Саса ќе зеде учество на турнир во кумановска Речица каде покрај Саса и домаќинот Речица ќе учествуваат и шампионот Љуботен и Машинац од Ниш, Србија.

Целите на клубот остануваат освојување на шампионската титула, како и атак на Куп титулата. Екипата на Каменица Саса во сезона 2019/2020 и 2020/2021 ја освои шампионската титула.

Во клубот останува бугарската интернационалка Антонина Шопска како и Туане Фрагосо, а клубот се ослободи од фудбалерки кои не ги исполниле очекувањата од минатата сезона.

Клубот води преговори и се очекува во следниот период да бидат промовирани нови интернационални и домашни засилувања.

Александар Ванев, М-Нет