
Новиот член на Втората лига, екипата на Шкендија од Арачиново за новата сезона претстави две засилување, се работи за Гентиан Амети и голманот Баки Алиу.
Амети е 25-годишен напаѓач кој носи искуство, енергија и треба да биде вистинско освежување во тимот од Арачиново. Претходно беше дел од екипата на Шарбек која се натпреварува во Третата белгиска лига.
Шкендија Арачиново на голманската позиција се засилува со Баки Алиу, кој доаѓа од сега веќе поранешниот прволигаш Гостивар. Со искуство, брзи рефлекси и смиреност на голот, Алиу треба да биде важен столб во тимот на Шкендија Арачиново за новата сезона во Втората лига.
Дополнително, екипата на Шкендија од Арачиново ја продолжи соработката со Фикрет Ливарека, кој стави потпис на нов едногодишен договор, се работи за млад и квалитетен играч, како и со Христијан Димов, кој останува во Шкендија Арачиново и во новата сезона, а со неговото искуство тимот од Арачиново ќе има стабилност во одбраната.
Шкендија Арачиново во сезоната која заврши беше шампион во Трета лига – Север, а потоа во баражот за Втора лига славеше над екипата на Осогово со 2:1 во Кавадарци и така се врати во второлигашкото друштво после долги години.
Александар Ванев, М-Нет