
Седма година по ред и четврта на отворено во Аурора во Берово, вчеравечер новинарите од Истокот ги доелија наградите за најдоброто во изминатата 2021 година. Во година која беше исклучително тешка, вреди да се пронајде најдоброто, она што се работи и тоа нешто да биде забаележано и за истото да се додели признание.
„Мотивот е навистина добар, бидејќи ние сме тие што следиме што работат сите во регионот, и политичарите, и бизнисмените и институциите и можеби најдобро може да видиме кој, како и што работи. Вечерва овде ќе ги видиме оние кои според нас новинарите направиле добро во 2021 година, тешка година која се надеваме нема д ани се врати“
Вечрта ја отоври првиот човек на Источно планскиот регион, Иван Јорданов кој истакна дека Истокот има што да понуди и оваа манифестација треба да се продолжи и да се негува.
Добитник на признанието за животно дело е Иван Бојаџиски, човекот кој прослави 60 години новинарство и заслужено ја доби наградата од новинарите за 2021 година.
Целата манифестација од Најдоборот од Истокот за 2021 година премиерно ќе се емитува во сабота 23.07.2022 година на програмата на М Нет телевија со почеток во 20:30 часот.
Лаура Стојанова М-Нет