Нова опрема за преглед на деца доби Одделот за детски болести при КБ Штип

После напорна работа од неколку месеци на ЈЗУ Клиничка болница Штип и здружението подари живот од Шпанија, денес се изрши успешно донацијата на медицинска техничка опрема монитор за преглед на сите парамтери кај децата, како и инфузиони пумпи за секојдневна работа за прецизно дозирање на течности и лекови. Директорот на болницата Владко Захариев и медицинскиот персонал упатија голема благодарност на претставникот на здружението Берарди Вебија за успешната и реализирана соработка.

“Голема благодарност за донацијата што ја давате на работната единица за детски болести и се надевам дека ќе имаме и понатаму соработка и би сакал исто така на граѓаните да им кажам дека целта на оваа донација е да има зближување помеѓу народите низ целиот свет“, вели Захариев

Чест ми е што денес дониравме медицински апарати за да добијат правилна дијагноза сите деца, истакна претставникот на здружението Берарди Вебија и едногласно вели дека неговото мото е да помага на сите без оглед на националноста.

“Мене ми е чест што сум денес во болницата за да ги донираме медицинските апарати и тоа со целта за сите деца да можат да добијат права дијагнозa. Со оваа цел, мене ми е чест за да може да помогне на многу деца и се надевам дека во иднина ќе купиме уште неколку апарати кои требаат, бидејќи тоа ни е персонална сатисфакција. Јас сум овде волонтер, но јас сум и моторот кој сака да помогне на сите кои што беа дел од Југославиј. Mене не ми смета никаква назионалност, без оглед дали тоа станува збор за Македонија, Босна или некоја друга држава.“, истакна Вебија

Инаку, Одделот за детски болести Штип брои шест доктори специјалисти, педијатри и четири субспецијализанти. За дел од нив потребни се соодветни апарати со што најмалите би можеле да се лекуваат овде, а не да се препраќаат за Скопје.

Со денешната донација, клиничката болница ќе има можност за правилна дијагноза кај децата, имајки во предвид дека тие се мали на килажа, а секоа терапија треба секогаш да е правилно дозирана. Ова за целиот персонал означува нова мотивација за усовршување на апаратурата во медицината.

Лаура Стојанова, М-Нет