Нова детска градинка во Пробиштип за осум месеци ветуваат од СДСМ

Нова детска градинка во Пробиштип за осум месеци ветуваат од СДСМ. Дарко Кузев кандидат за член на Совет на Општина Пробиштип  истакна дека таму ќе може да се згрижат 35 дечиња  од предучилишна возраст, бидејќи се води грижа за најмалите.

„Дел од училиштето „Ванчо Трајков“ ќе биде дограден, руиниран и технички оспособен за да може таму да се згрижат и воспитуваат 25 деца од населба Пробиштип. Просторот е идеален за оваа намена и во истиот се предвидени две занимални, трпезарии, ходник, тоалети, остава и административна просторија“ – истакна Кузев.

Дополнително на ова кандидатот за градоначлни на Општина Пробиштип, од редовите на СДСМ, Драган Анастасов посочи дека ветеното од 2017, односно реконструкција на патот од Крупиште до Пробиштип е реализирано.

„Во 2917 година заедно ги утврдивме приоритетите за мојата работа. Прв приоритет за кој дадов ветување пред вас е регионалниот патен правец Пробиштип Крупиште. Тој беше руиниран и целосно заборавен. Иако стоеше во сите предизборни програми од 2006 година па наваму само таму и остануваше. Моето ветување е целосно реазлизирано“ – кажа Анастасов.

Ние градиме по приоритет, граѓаните на прво место, чесно и домаќински, додаде Анастасов.