
Новаци конечно забележа триумф откако беше влезе во голема резултатска криза, но победи тогаш кога најмногу треба, победи директен конкурент за опстанок.
Новаци во есенскиот дел беше во одлична форма и собра многу бодови со кои благодарение на истите ќе го обезбеди опстанокот во Втората лига, откако во есенскиот дел не игра според очекуваното.
Сепак денес во Македонска Каменица пред камерите на телевизија М Нет, Новаци со 1:3 славеше голема победа, а токму овој меч можевте да го следите во живо на спортскиот канал М Нет Спорт и да бидете сведоци на погодокот кој беше постигнат од повеќе од 60-тина метри.
Стефан Јовановски го има атрактивниот гол за кој долго ќе се зборува, а може да го погледнете на спортскиот канал М Нет Спорт.
Во соблекувалната на Новаци владее позитивна атмосфера, бидејќи денешниот триумф за нив е од капитална важност.
Александар Ванев, М-Нет