
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го усвои календарот за Првата и Втората македонска фудбалска лига, како и сениорскито Куп на Македонија за новата натпреварувачка сезона 2025/2026.
Втората македонска фудбалска лига ќе започне на 23 август и ќе се игра во сабота, додека пак натпреварите од Првата лига ќе се играат во три дена од викендите односно петок, сабота и недела. Новата сезона во Првата лига ќе започне на 8 август, а ќе се игра и на 9 и 10 август.
Куп натпреварувањето ќе се игра во текот на работната недела односно вторник, среда или четврток.
Тоа значи дека новата сезона или есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига ќе започне на 23 август (сабота), а пак есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во викендот на 8, 9 и 10 август односно петок сабота и недела.
Како што е познато од Првата лига ќе испаѓаат директно три екипи, а две ќе играат бараж, додека пак од Втората лига ќе испаднат дури пет екипи, а три ќе играат бараж, ваквото драстично испаѓање доаѓа поради кратењето на лигата.
Александар Ванев, М-Нет