Ниту остваки ниту разрешувања на Стоилковиќ и Китановиќ, Мицкоски потврди дека Младиќ е и негов генерал, велат од СДСМ

Нема ниту оставки ниту разрешувања на Иван Стоилковиќ и Далибор Китановиќ по скандалот со величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ.

Мицкоски ги спаси, велат од СДСМ.

„Не требало да се бара кривична одговорност вели Мицкоски, доволно било што го избришал својот став.

Секоја изјава на Мицкоски и скандал сам по себе.

Законот не важи за министрите и директорите на Мицкоски, не важи ниту за Мицкоски, тој кажува дали треба кривично да се гони некој или не.

Нормално, затоа што Мицкоски управува со обвинителството, преку телефо“.

Според опозициската партија, бришењето на објава од профилот на социјалните мрежи не значи бришење на став. Јасно е, додаваат од таму, дека човекот поддржува геноцид.

„И тоа е нешто што Мицкоски не може да го избрише.

Бришењето на објавата не може да ја избрише историјата и не може да ја избрише пресудата за воени злосторства на осудениот Младиќ.

Ставот на директорот на Агенцијата за заедници, како и ставот на Стоилковиќ, е став на српската служба БИА.

Но, ставот на луѓето во Владата на Македонија, кои ги претставуваат сите граѓани на Македонија, по прашањето за геноцидот не може да биде само став на обичен граѓанин.

Едно е јасно.

Без оставки и без разрешувања на Стоилковиќ и Китановиќ значи дека тие останале на истиот став дека Младиќ е нивен генерал.

Со тоа што Мицкоски ги штити, потврди дека Младиќ е и негов генерал.

Знаевме дека Младиќ е генерал на Вучиќ. Сега знаеме дека е и на Мицкоски.

Латас тера црна кампања преку орбановите 40% од медиумите ов Макеоднија.

Мирослав Тричковиќ, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазици на заедниците објавува гнасни текстови полни со тешки навреди и говор на омраза против СДСМ и претседателот Венко Филипче“.

Според СДСМ, кампањата „талог“ полна со навреди за граѓаните, поделби, сеење омраза е во полн ек.

„Тоа е екипата на Стоилковиќ. Тоа е екипата на Мицкоски, а сите заедно се екипата на Вучиќ“.

Текстот Ниту остваки ниту разрешувања на Стоилковиќ и Китановиќ, Мицкоски потврди дека Младиќ е и негов генерал, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.