Ниската плата и недоволниот број на кадар ги става во мат позиција јавните обвинителства

Синдикалната организација при Јавни обвинителства во Македонија незадоволни од сегашниот начин на работа, недоволниот број на кадар, образование на кадарот и слично, излегоа на прес конференција со барања од нивна страна кои треба да бидат прифатени. Бидејќи го заслужуваат тоа, бараат платата да им биде покачена, кадарот зголемен, испалаќање на додатоци на плата итн.

Податок преземен од официјалната страна на Јавното обвинителство, зборува за фактот дека во 2019 година се потполнети 338 работни места, а од страна на Синдикатот на Јавни обвинители побарани се 1165, за раководни места барани се 202 а добиени се само 11. Ова го посочува фактот дека кадарот на Јвниото обвинителство на ниво на државата е помал за три пати од потребното. Во барањето на синдикатот е и кадарот да биде со соодветно образование.

Од синдикалната организација при Јавните обвинителства веруваат дека со преземења на активности и прифаќање на нивните барања, со цел побрзо и поефктивно работење.

ЛаураСтојанова М-Нет