„Летаат“ казни за несовесните возачи. Во изминатото деноноќие изречени 80 мерки

Секојдневно „летаат“ казни за прекршоци кои се случуваат во сообраќајот. Бројката во последните три дена не помала од 80 пишани возачи. СВР Штип со засилена акциска контрола се обидува да воспостави ред по патиштата во сообраќајот. Од таму информираат дека во текот на изминатото деноноќие, СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 80 мерки, меѓу кои 35 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 19 за управување возило без возачка дозвола, 5 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 6 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 7 за непрописно паркирање, 1 за непрописно престигнување, 2 возач почетник и 3 пекршоци што ги чинат пешаците. Преземени се и 18 мерки против возачи на мотоцикли.

Апелот од СВР Штип и МВР е да се почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да се вози според дозволената брзина. Казниво и забрането е возење под дејство на аклохол, нерегистрирано или технички не исправно возило.

Лаура Стојанова М-Нет