Николов прв даде кош во ново реконструираната спортска сала во СОУ „Коле Нехтенин“ Штип

Завршена е целосната реконструкција на спортската сала во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип. За прв пат денеска на новиот под во спортската сала, обрачот на кошот беше подоген од првиот човек на Градот под Исарот, др. Сашко Николов. Средношколците не успеаа да спортуваат во новата спорска сала бидејќи наставата во изминатата учебна година се одвиваше онлајн.

„Сведоци сме дека ова училиште постојано го менува својот изглед, се вршат капитални реконструкции, се набавува опрема за модерна образовна работа и подигање на квалитетот на образовниот процес. Денес сме во комплетно реконструирана спортска сала која што беше во една очајна состојба. Извршена е промена на подот, нови ПВЦ прозори, заштитна мрежа на прозорите и комплетно варосување и ново осветлување“ – посчи Николов.

По речиси 35 години ова е прва ваква реконструкција на спортската сала во ова училиште, со што истата добива современ и модерен изглед.

„После пуштањето во употреба на оваа спортска сала ова е прва реконструкција од ваков вид, подот беше во очајна состојба значи беше пархет, така да направивме проект, ја реновиравме спортската сала, а веќе изготвуваме проект за реновирање на соблекувалните“ – истакна директорот на СОУ „Коле Нехтенин“, Дејан Постолов.

Воова училиште се инвестирало и претходно. Променет е кровот, а последна активност пред реконструкција на спортската сала се променетите врати и прозвори.

Со вложувањата во училиштата во Општина Штип се работи на подобрување на наставниот процес, учениците добиваат прекрасни услови за настава, а наставниците за работа.

Лаура Стојанова М-Нет