Во сабота со гала настап на Виолета Арсовска и настап на Голомеова се отвора штипското културно лето

Со гала настап на Виолета Арсовска, во присуство со Елена Голомеова на 26 јуни во сабота се отвара штипско Културно лето 2021. Ова е една од најстрите манифестации кои се организираат и негуваат во Градот под Исарот, а ова е 36 негово издание. Со почитување на мерките и протоколите за заштита од ковид 19, 32 настани ќе се изведуваат годинава, учесниците се само од нашата држава повеќето од Штип.

„Почитувајќи ја традицијата и богатството на нашата национална култура годинашнава програма ја сочинуваат уметници и ансамбли од Република С. Македонија, млади но и потврдени артисти со содржини кои концепсиски одговараат на самиот настан и кои во вистинска смисла ги одрзуваат вредностите на нашата национала култура“ – кажа Николов.

Годинава согласно мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател настаните ќе се одвиваат на отворено на повеќе локации во градот, а воедно настани ќе се организираат и во неколку приградски населби.

Овогодинешните учесници имаа можност да поднесат пријава со она што го нудат и да бидат дел од овој настан. Предност се дава на штипјани на младите таленти за да се покаже дека градот бил и останува жариште на културата. Вкупниот Буџет за реализација на штипското културно лето изнесува некаде околу 300 илјади денари .

Лаура Стојанова М-Нет