
Градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов му посака среќа на кандидатот за градоначалник на Штип на претстојните избори од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија Николов истакна дека го радува фактот што ќе има противкандидат и од најголемата опозициска партија, со оглед на фактот што на последните избори за градоначалник во штип ВМРО ДПМНЕ немаа свој кандидат.
„Еве денеска од вас дознавам, од медиумите од порталите дознавам дека е официјално господинот Иван Јорданов кандидат за градоначалник на Општина Штип, нека му е со среќа кандидатурата, му посакувам успешна и плодна кампања, се надевам дека ќе направи програма која што ќе ги задоволи барањата на штипјани“ – истакна Сашко Николов.
Инаку Николов како кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ за Штип беше истакнат во првите триесетина имиња од страна на Претседателот на партијата, Зоран Заев.
Лаура Стојанова М-Нет