
Наместо асфалт на улица „Панче Караѓозов“ во Штип пораснаа патлиџани. Ова вчера беше презентирано од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, кога истите илустративно покажаа дека патлиџаните се готови за туршија.
Вчера д кабинетото на градоначалникот истакнаа дека нема да одговорат, ама денеска Градоначалникот Николов излезе со порака до ВМРО ДПМНЕ да си ги соберат побрзо патлиџаните оти улицата ќе се асфалтира.
„Ги повикувам опозиционите партнери да ги соберат патлиџаните кои почнале да ги берат од нашите проекти каде што ги работиме, заради тоа што во брзо време ќе има асфалтирање па така да не им пропаднат продуктите нека си ги соберат побрзо“ – додаде Николов.
Лаура Стојанова М-Нет