
Воени атешеа од 14 држави денеска беа во посета на Општина Штип. Истите имаа можност преку презентација од половина час презентирана од страна на првиот човек на градот под Исарот доктор Сашко Николов, да се запознаат со град Штип , со цел да им се покаже на нато партнерите дека треба да продолжат да инвестираат во Штип.
„ Денеска имавме чест во нашата општина да присуствуваат воени атешеа од повеќе земји од целиот регион во посета на нашиот НАТО батаљон во Штип, касарната „Јане Сандански“ каде што имав чест како градоначалник лично да го презентирам нашиот град, да направам една кратка презентација од добри триесетина минути за тој кој е Штип, каков е Штип, со што располага Штип и да им пренесеме на нашите партнери во НАТО дека треба да продолжат да инвестираат овде“ – истакна Николов.
Николов истакна дека воените атешеа се воодушевени од Штип како град, но и топлината и гостопримливоста на луѓето овде.
Воените атешеа во општина Штип поминаа околу еден час, но според Николов доволно време да се запознаат со градот и луѓето овде.
Лаура Стојанова М-Нет