Министерката за култура денес во официјална посета на Виница

Денес во официјална посета на општина Виница беше министерката за Култура Ирена Стефоска која покрај разговорот со  градоначалникот Ивица Димитров, ги посети и домот на културата “Тошо Арсов” и музејот “Теракота” во Виница.

“Со министерката разговаравме во делот на приоритетите кои ги имавме во областа на развојот на културата. Посебен акцент дадовме на културните институции во општината кои што ги имаме а тоа е она што го планираме како општина во текот на следниот период. Најголем акцент се дава на реконструкција на кино салата и мултикултурен центар, а потоа проект за проширување на музејот “Теракота” како и за санација на Домот на културата “Тошо Арсов” во Виница.”

“Ми претставува чест и задоволство што министерката кажа дека од сега па натаму ќе соработуваме уште повеќе и уште подобро за Виница повторно да биде избрана за град на културата во Источна Македонија.”

“Со градоначалникот разговаравме на повече темуи како и со директорите на културните институции. Се договоривме како со план и стратегија понатаму да соработуваме и едно по едно со избрани приоритети да ги решаваме наследените проблеми и пред се да го заштитиме нашето културно наследство.”