
Непријатно изненадување ги пречека граѓаните седум дена пред Задушница – стомните на штипскиот пазар за само една недела поскапеа од 200 на 250 денари. Иако велат дека го разбираат трудот и процесот на изработка, сепак додаваат дека немаат пари за расфрлање. Дополнително, велат дека пред празникот ќе треба да купат и други потребни работи за поменот на починатите, што уште повеќе трошокот ги удира по џеб.
Во меѓувреме, на тезгите на пазарот, вниманието го привлекува 70-годишната Ратка Манасиева од Габревци. Таа и нејзиниот сопруг се меѓу последните што го чуваат стариот грнчарски занает во селото. Со години рачно изработуваат земјени стомни, џезвиња и други садови, од кои опстојува целото домаќинство.
И покрај долгогодишната работа и вложениот труд, Ратка вели дека занаетот полека згаснува. Младите се помалку се интересираат да го научат грнчарството, па затоа вели дека традицијата нема кој да ја продолжи.
Иван Митев, М-Нет