
Матурантите од средното медицинско училиште во Штип ја одбележаа матурската вечер како крај на едно значајно поглавје од нивниот живот. Дел од нив велат дека за подготовка им биле потребни само неколку минути, додека други се подготвувале со часови за оваа вечер. На прашањето што ќе им недостасува најмногу, пред камерите на М-Нет ТВ мнозинството изјавија дека ќе им недостасуваат дружењето, заедничките моменти и годините поминати со соучениците.
„Три, четири часа се. Фустанот кога го видов прв пат веднш знаев дека ќе биде тој и го купив пред околу еден месец од прилика.“
„Па станата сум од седум часот сабајлево, така да многу време ми
требаше. Па искрено не се доволно наспав, но мислам дека вредеше. Да, сепак тоа се луѓе со кои ги поминав моите убави четири години. После матурата, факултет и да најдам некој маж.“
По матурирањето, дел од нив планираат да го продолжат образованието на факултет и да се насочат кон својата професија. Матурската вечер за нив велат дека е не само вечер на забава, туку и вечер во која се разделуваат од сокласниците во најубавото издание.
„Реално 15 минути. Планирам да се запишам на факултет.“
Многумина од матурантите велат дека спомените од училишните денови и пријателствата стекнати низ годините ќе ги паметат целиот живот. Со свечената матурска вечер, тие симболично затвораат едно поглавје и го започнуваат патот кон нови предизвици, обврски и животни цели.
Дајана Сандева, М-Нет