Непријатна миризба и грда слика покрај р. Брегалница во Штип, кога недостатоците ќе се решат?

Пешачката патека во Општина Штип, или местото за пешачење, спрот и рекреација, прошетка и слично на делови изобилува со слика која е непријатна, грда и непристојна за ваков простор. Или поконкретно веднаш спроти автобуската станца ако спортувате треба да поминете експресно брзо за да не се соочите со непријатна мирзиба која се шири наоколу од цевките кои се влеваат директно во реката.

Граѓаните кои рано изутрина можевме да ги сретнем на овој дел од патеката велат неопходно е уредување на просторот. Бидејќи сегашната ситуација таму е во очајна состојба.

Одговор за ваквата ситуација побаравмме и од надлежните. ВД директорот на ЈП Исар Трајче Здравков кажа дека екипи ќе излезат на терен и ќе го санираат проблемот.

„Откако добив известување од ваша страна за пријава од граѓани за непријатна миризба позади градскиот стадион, нашите екипи излегоа на терен, направија увид на нашите колекторски шахти кои што се позади градскиот стадион и добивме повратно дека колекторските шахти дека не постои никаков проблем се е уредно, но при увидот неколку десетици метри подолу од градскиот стадион кај автобуската станица увидовме дека има проблем со атмосферската цевка. Тоа е под надлежност на ЈП „Стипион““ – кажа Здравков.

За санирање на атмосферската цевка го побаравме и вд директорот на ЈП „Стипион“, Игор Ефтимов. Тој во оваа прилика кажа дека и екипи од ЈП „Стипион“ во текот на денот ќе излезат на терен. По конкретен одговор не добивме бидејќи Ефтимов се уште не бил запознаен со фактичката состојба на атмосферските цевки покрај река Брегалница. Доколку проблемот не се реши денеска, поконкретно за што се работи одговор најави за утре.

Лаура Стојанова М-Нет