
Ќе се асфалтираат улици и во населбата Железничка. Како што беше најавено, до крајот на градежната сезона, односно додека дозволуваат временските услови ќе се асфалтира во повеќе населби низ градот. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, направи увид на денешните градежни активности со кои улиците се подготвуваа за асфалт.
„Денес сме во населба Железничка за да направиме увид на активностите на припрема за асфалтирање. Како што може да забележите, се прави припрема за поставување тампон и земјен слој за уредување и довршување на фазата, односно доасфалтирање на три улици во нас. Железничка, коишто се во вкупно должина од 550 метри. Она коешто може да го забележите е дека фазно влегуваме во секоја населба. Во наредните денови ќе пристапиме кон поставување асфалтен слој, уредување на овие улици, ставање во функција. Исто така сакам да ја искористам оваа прилика да најавам дека во наредните неколку дена доколку ни дозволуваат временските услови, ќе продолжиме со асфалтирање и во другите населби. Еве, во најава е и асфалтирање на неколку улици во населба Балканска и доуредување на просторот каде што беа лимените гаражи во населбата Осми ноември. Ова ќе значат нови инвестиции во патна инфраструктура, во подобрување на целокупната инфраструктура на Општина Штип, што е за општо добро на сите граѓани“, истакна градоначалникот.
Јорданов најави дека средствата со коишто располага Општината и понатаму ќе бидат инвестирани во патната инфраструктура и низ другите населби во Штип. Конкретно, за овие улици кои деновиве ќе се асфалтираат во нас. Горна Железничка издвоени се еден милион и 400 илјади денари финансиски средства.
Ребека Спасова МНет