Неподвижен и во постела е штипјанецот Зоки Бонавена, вели не го примаат во болницата на лекување

Неподвижен, во постела, и без лекарска терапија е штипјанецот Зоран Бонавена, откако пред неколку дена му се слошило. Како што вели неговата внука, бил однесен на болница, но откако го вратиле од Скопје, требало да продолжи со терапија во штипската клиничка болница. Овде пак му кажале дека согласно резултатите човекот е добар и бил пуштен на домашно лекување. Ама состојбата дрстично му се влошила.


„Од шеќерот малку му се слоши, и го пратија директоно за Скопје. За два дена со откажан бубрег го пуштија дома. Одеше на дијализа и овде, беше само двапати и докторките кажаа дека е супер, а видевте го човекот не може“ – вели Митревска.

Митревска бара поголема ажурност од страна на болницата, оти како што вели Бонавена не е во ситуација сам да може да се грижи за себе си. Додава дека му е потребна терапија и болничка нега.

„Два дена со брат ми одивме во болницата, па не пратат на Интерно, па на Инфективно, никој не презема одговорност за човекот треба да прима антибиотиска терапија, инфузии, ние дома не сме доктори“ – додава Митревска.

Од штипската клиничка болница посочија дека пациентот последен пат бил прегледан на 29 јануари.

„Последен преглед на пациентот во КБ Штип е на 29 јануари 2025 година за кој постои медицинска документација. За здравствената сотојба на пациентот не можеме да дадеме информација бидејќи е потребно да се направи преглед“ – велат од штипската болница.

Лаура Стојанова М-Нет