
Без починати и новопримени пациенти е денешната ковид – статистика во штипската болница. Регистрирани се шестмина испишани и оздравени пациенти, а направени 53 амбулантски прегледи. Хоспитализирани се вкупно 47 пациенти, од кои 39 во модуларната болница и 8 на Кожното одделение. Од хоспитализираните, 29 се со потешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка, а вакцинирани се 14 пациенти. Во модуларната ковид – болница има 9 слободни места, а на Кожното одделение – 2, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската болница, пак, на Интерното одделение, кое работи како ковид – оддел, хоспитализирани се 17 пациенти, од кои седуммина се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка. Оздравен и испишан е еден пациент, а новопримени се двајца пациенти, информира раководителот на ковид – одделот во Кочани, Иле Постолов.
Во последната статистика на Министерството за здравство регистрирани 617 нови случаи на Ковид – 19 од направени 4.621 тестирање. Од нив 26 во Штип, 12 во Кочани, 5 во Берово, 4 во Пробиштип и по 2 во Делчево и Виница.
Починати се 32 лица, од кои 29 во болнички услови и 3 во домашни услови.
Регистрирани се и 450 оздравени. Од оздравените, 10 се од Штип, 3 од Кочани и по 2 во Берово и Пробиштип.
Вкупниот број на оздравени пациенти е 165.527, на починати е 6.339, а бројот на активни случаи изнесува 13.027.
Ребека Спасова МНет